Според историските извори Чифте Амамот бил изграден во втората половина на 15 век, како дар (мираз) од Иса Бег со површина од 1056 метри квадратни.
Чифте амамот (Турски бањи) се состои од два безмалку идентични делови со одвоени влезови за мажи и жени, од што и произлегува самото име чифте или двоен амам. Амамот е изграден во ист стил како и другите исламски градби од тоа време со користење на цигли, камења и малтер. Во него доминираат две големи куполи сместени на спротивни страни од градбата, а има и повеќе мали куполи кои се наоѓаат во бројните соби, засводувајќи ги.
Во 1963 година за време на големиот земјотрес во Скопје, Чифте Амамот е значително оштетен. Во 1999 година, Амамот и е доделен на користење на Уметничката галерија Скопје во функција на мултимедијален изложбен простор